Непокор
Се гледам јас во хоризонтот
Го одбрав веќе мојот пат
Се враќам јас кај мојот народ
Ме вика да се вратам пак
Инстиктот мој го следам
Мотивот сега јас го барам
Пред мене насобрана толпа
Непокор насекаде гледам
Реф:
Непокор, непокор, непокор непокор
Зошто мора да е вака?
Народот никој не го слуша
Ја добивте бараната шанса па
И народот има душа
Лагите не ви вредат веќе
Не можам повеќе да тлеам
Ослободен од заканувачки пранги
Низ очите на правдата гледам
Реф:
“О тешкото
Како во молк да те гледам
На очиве магла ми напаѓа сура
И одеднаш в бескрај се растега редот
И ридја се губат в пустелија штура
И еве кај иде од маглата матна
Се сенка до сенка се еден до друг
Во бескрајно оро син оди по татка
По деда си внук” (Б.Конески)